Проблеми за составот и за во недела: Вардар без Мораеш и во Манхајм, Циндриќ уште неизвесен

Пивотот на Вардар од Бразил, Рожерио Мораеш се повреди на еден од тренинзите во последните денови и не беше во можност да настапи на првиот меч против Рајн Некар. Лука Циндриќ, пак, уште е на списокот на повредени и останува неизвесен и понатаму за настап така што е неизвесно кога и двајцата ќе се вратат на натпреварите.

„Мораеш има сериозна повреда и затоа не можеше да настапи и денеска против Рајн Некар. Тој направи преглед, но уште немаме прецизна дијагноза колку време ќе му треба за да се врати на терен и да може да игра. Според актуелните информации сигурно нема да игра во Манхајм. Што се однесува до Циндриќ тој и понатаму е со повреда, но се чувствува подобро. Не тренираше неколку недели, па останува да видиме како ќе се чувствува оваа седмица. Засега е на списокот на неизвесни и докторите ќе одлучат дали ќе биде подготвен за средбата во Манхајм“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.