Проблеми за полскиот состав:Висла ослабена за двомечот против Вардар

Екипата на Висла Плок за двомечот против Вардар во осминафиналето нема да може да смета на пивотменот Тијаго Роча. Португалецот на последниот првенствен натпревар се здобил со скршеница на шутетската рака и нема да биде во можност да им помогне на своите соиграчи на двата натпревари против македонскиот состав. Тијаго Роча со 36 постигнати погодоци во досегашниот дел од сезоната е еден од најзначајните ракометари во составот на Маноло Кадењас и секако дека неговото отсуство ќе биде видливо на теренот.

Првиот натпревар помеѓу Висла Плок и Вардар се игра во сабота од 20:45 во Плок.

Photo: katowickisport.pl