Проблеми за Кјелце: Голманот ќе мора на пауза од два месеци

Докторите дадоа лоши вести за голманот на Кјелце, кој има сериозна повреда и ќе мора да ја лекува во следните шест до седум недели. Тоа значи дека ќе го нема речиси два месеци, па тимот од Полска ќе биде без услугите на Филип Ивиќ кој после прегледите доби лоши вести од докторите.

Информациите велат дека ќе мора да му биде извршена операција на повредената нога, но дека на крајот од ноември би требало одново да се најде на голот на Кјелце, тим кој денеска се договори со еден од најдобрите голмани во светот и Андреас Волф го направи најдобро платениот „чувар на мрежата“.