Проблеми за Вардар: Борозан доби црвен картон во Келце! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го играат петтиот натпревар од Лигата на шампионите. На гостувањето против полскиот шампион Келце, „црвено-црните“ до крајот на мечот ќе мораат да бидат без црногорскиот интернационалец Вуко Борозан.

По 13 минути игра, при резултат 8-5 за Келце, литванските судии Мажеика и Гателис му досудија директен црвен картон. Борозан несмасно стартуваше директно во лицето на Јурецки и мораше да се пресели на трибините.

Погледнете го стартот и исклучувањето на Борозан.