Проблемите се минато за Радовиш

Тимот на Радовиш оваа сезона за малку не успеа во обидот да се пласира во плеј-офот од Суперлигата, па беше дел од разигрувањето за опстанок, кое сепак не беше доведено во прашање во ниту еден момент.

На почетокот на пролетната полусезона, ракометарите не земаа неколку плати по ред, но веќе беше изгласан новиот буџет од страна на Општината која е главен финасиер, и сите играчи се исплатени до крај.

За радовишани до крајот на овој месец останува да ги доиграат натпреварите против Борец и Прилеп, а од раководството веќе размислуваат на тимот за следната сезона, во која посакуваат место во плеј-офот.