Дуел Бразил-Полска 25-24 (14-12)

Во деновите кога националните селекции имаат квалификации за ЕП  2016, домаќинот Полска се подготвува и ја темпира формата за ЕП кое ќе се одржи во нивните градови. За противник во финалето од турнирот беше квалитетниот и незгоден состав на Бразил.

Во Катовице пред околу 6000 фанови на домашниот состав, гостинот кој воедно е вице шампион на Пан Америка го покажа сиот свој ракометен потенцијал, а воедно и го победи бронзениот состав на Биглер од СП Катар.
Во еден изедначен натпревар, гостите сепак ја контролираа играта и резултатот и не дозволија Полска да се размавне од бековските позиции.
Најефикасни беa: Толедо 6 голови и Боргес со 4 голови, додека кај Полска браќата Јурецки со вкупно 12 голови, од кои 7 зад името на Михал Јурецки.