Приштина есенски шампион на Косово

Одличното издание во текот на целата полусезона, екипата на Приштина го заокружи со победа 37-17 над Вуштри со што стана есенски шампион на Косово.

Составот предводен од македонскиот тренер Рубин Кузмановски во кој настапува поранешната репрезентативка Ива Стојковска забележа максимален учинок во текот на досегашното натпреварување со што заслужено се наоѓа на врвот на табелата.

Екипата на Приштина ќе тренира до 15 декември по што ракометарките ќе добијат пауза до почетокот на Јануари.