Пристигна првото изненадување во ЛШ: Фаворитот Ростов Дон елиминиран, Митјиланд слави влез во главната фаза

По обезбедувањето на првата позиција во групата Ц, унгарскиот шампион- Ѓер си дозволи релаксиран натпревар во Данска што резултираше со пораз од Митјиланд 23-27.

Предводени од Стине Јоргенсен и одличната Сабрине Енглерт на голот, ракометарките на Митјиланд имаа одлична предност на полувреме 15-10 и не дозволија пресврт во вториот дел па така славеа победа пред својата публика над фаворитот Ѓер.

kristiansen-veronica

Со овој резултат дојде и до првото изненадување во Лигата на Шампионите, бидејќи пласманот на Митјиланд во втората фаза донесе елиминација на еден од најголемите фаворити во Лигата на Шампионите – рускиот Ростов Дон.

Ракометарките на Јан Лесли по пет одиграни кола само еднаш се радуваа на победата и тоа во натпреварот против Митјиланд. Во петтото коло пред своја публика, Ростов доживеа пораз од актуелниот шампион Букурешт 22-20 со што самите ја запечатија својата емилинација.
Во последниот натпревар од групната фаза, Ростов ќе  игра против Ѓер, но натпреварот нема да има никакво резултатско значење.