Пристигна големото засилување на Вардар: Хозе Толедо е во Скопје!

Иако беше најавено дека ќе дојде во Скопје дури по завршувањето на Пан Американските игри, големото засилување за европскиот првак Вардар, Хозе Толедо веќе е во македонската престолнина.

Де Толедо денеска ќе позира со новиот дрес, но се уште не е јасно дали ќе се јави на првата прозивка следната среда или ќе се врати за да настапи за националниот тим на Бразил во Перу.

Тој ќе му прави друштво на Даинис Кристопанс на десната бековска позиција претстојната сезона во „црвено-црниот“ тим.