Принцовите газат во Париз: ПСЖ го размонтира тимот на Кјелце

Ракометарите на ПСЖ одиграа одличен натпревар против Кјелце и го нокаутираа во голем стил. Иако конечните 33:28 не го покажуваат ова, сепак, ПСЖ доминираше во второто полувреме и во еден период имаше дури и девет гола разлика, 30:21.

Кјелце го доби отворањето на мечот. Некаде на средината на првиот дел успеа да го диктира темпото, па дури и поведе со два гола разлика при 11:9. Меѓутоа во брзата игра често се менуваа во водство и двете екипи, а ПСЖ успеа да ги сврти работите во своја полза пред заминувањето на одмор и имаше 18:16 на паузата.

Второто полувреме беше во знакот на домашните. Карабатиќ ги предводеше колегите, а Ремили и Гензајмер му се придружија во реализацијата. Гостите немаа решение и почнаа да тонат. ПСЖ ја зголемуваше разликата и рано го одлучи победникот на оваа средба така што бодовите останаа во Париз. Последните десет минути беа формалност, па гостите успеаја да намалат. После 30:21 за ПСЖ веќе не ни можеше да се надеваат на нешто повеќе од пристоен пораз.

Ремили со седум гола, Гензајмер и Карабатиќ со по пет и Сагосен и Конко со по четири беа најефикасни во ПСЖ. Во Кјелце Душебаев до пет и Јанц со четири успеаја да реализираат најмногу удари.