Прилеп триумфално низ Скопје, Работнички со фуриозен финиш до нова победа против Борец (ВИДЕО)

Петтото коло на македонската ракометна суперлига донесе интересни резултати. Работнички по долга и изедначена борба, во последните десетина минути успеа да го скрши отпорот на Борец од Велес и стигна до својата четврта победа во првенството. Момците на Андон Бошковски, пред се благодарение на одличната игра на крилата Илиќ-Мојсоски кои искомбинираа 21 од вкупно 27 погодоци стигна до четвртата победа во петтиот натпревар.

Во малата сала во Јане Сандански, Вардар Јуниор беше совладан од РК Прилек. И покрај добриот почеток екипата на Пепи Манасков не успеа да издржи во вториот дел во кој Прилепчани доминираа на теренот и успеаа да стигнат до нова победа по која се наоѓаат на самиот врв на табелата.

Останати резултати

Охрид-Пелистер 22-21
Пролет-Металург 2 32-17

Најинтересните моменти од натпреварите од 5.коло на македонската ракометна суперлига погледнете ги на видеото подоле.