Прилеп со фуриозно полувреме до бодовите од Скопје

Во натпревар од петтото коло на ракометната Супер лига, Вардар Јуниор беше домаќин на Прилеп. Во малата сала на спортскиот комплекс „Јане Сандански“, помладиот тим на Вардар имаше сили за само едно полувреме, а прилепчани по шеесете одиграни минути се радуваа на четвртата победа овој пат со резултат 24-32.
MAK-VardarJ-Prilep-4737
Младите ракометари на Пепи Манасков на самиот почеток создадоа предност од два погодока кои ги одржуваа до 21-та минута. Во последните  десет минути од првиот дел ракометарите на Прилеп најпрво го изедначија резултатот на 10-10, а веќе во наредната 25-та минута поведоа со голот на Турченко. Во неизвесната завршница на првото полувреме звукот на сирената означи крај за конечни 13-13.
MAK-VardarJ-Prilep-4689
Во вториот дел гостите ја имаа контролата над резултатот, а во 40-та минута првите два гола предност (16-18). Кога веќе беше разбиена противничката одбрана, ракометарите од Прилеп ја зголемуваа својата предност до највисоки осум погодоци 23-31 во 59-та минута. До крајот на натпреварот двете екипи постигна по еден гол за конечни 24-32.
Најпрецизен на теренот беше Дмитри Турченко со девет голови, а Шаренац додаде осум. Кај Вардар Јуниор најрасположен беше Чурлевски со шест голови.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ