Прилеп само 15 минути рамноправен противник на Вардар! (ФОТО)

Првото коло од македонскиот плеј-оф денес го почувствува и публиката во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“. Во помалку ревијален натпревар каде победникот беше однапред познат, ракометарите на Вардар без ударната бековска линија Душебаев, Карачиќ и Горбок ја совлада екипата на РК Прилеп со 41-26.
Мотивираноста на Прилепчани ги одржуваше во натпреварот во првите 15 минути. По почетното водство на Вардар од 1-3 и 5-3, Прилеп го издначи резултатот на 5-5 и го одржуваше до 15-та минута кога за последен пат во натпреварот се изедначија со „црвено-црните“ на 8-8.
FLP_8679
Брумен ја започна серијата на Вардарци од 6 голови во низа. Во 23-та минута за прв пат резултатската разлика беше шест погодоци 14-8. Домаќините во 27-та минута имаа предност од осум погодоци, со голот на Стоилов за 18-10. До крајот на полувремето РК Прилеп намали само еден погодок од високото водство за конечни 18-11.
FLP_8600
Вториот дел беше само формалност. Вардарци ја зголемуваа предноста, за Шишкарев во 42-та минута да ги постави првите десет голови разлика на натпреаврот. Во 46-та минута, Филип Лазаров со прецизен удар од далечина го донесе највисокото водство на натпреварот од 12 разлика, за 31-19. На пет минути до крај Вардар имаше десет голови предност, која ја зголемија за конечни 41-26.
FLP_8622
Најпрецизни во екипата на Вардар беа Шишкарев и Тоскиќ со шест погодоци, додека најдобар поединец во редовите на Прилеп беше Бозароски кој истотака постигна шест голови.