Прилеп останува без еден од најдобрите: Пеце Ѓорѓиоски ќе паузира до крајот на сезоната

Поранешниот јуниорски репрезентативец на Македонија и член на Прилеп, Пеце Ѓорѓиоски ќе мора да паузира до крајот на сезоната. Пикерот на тимот предводен од Томе Петрески заработи повреда на мускулот на задната ложа, кој ќе мора да се санира со операција.

„Веќе трет ден не сум станат од кревет. Станува збор за скинат мускул на задната ложа, па затоа ќе биде потребна операција. Предвидената пауза е пет-шест месеци, што значи дека сезонава е загубена за мене. Повредата ја заработив на натпреварот со Металург 2, во еден помал дуел со противнички играч при доскок на шут.“ – изјави Ѓорѓиоски за 24ракомет.

Прилеп ќе мора да се потпре на услугите на Александар Тренчевски на пикерската позиција, а засега тимот на Петрески котира на петтата позиција на табелата и најверојатно со Пролет и Радовиш ќе се бори за последното место кое води во разигрувањето за титулата.

Фото: rkmetalurg.mk