Прилеп и Е. Работник дадоа само 33 голови за цел натпревар!

Ракометарите на Прилеп и Еурофарм Работник одиграа натпревар кој потсети на времињата од пред дваесетина години. Двете екипи заедно постигнаа 33 голови и тоа за 60 минути, а на полувреме имаше само 15! Мечот заврши 17:19 и акцентот беше повеќе ставен на одбраната, секако со одлични партии на Јовановски и Ивановски.

Прилепчани отворија со 3:1, пред гостите да се вратат со предност за 3:4. Домашните повторно стегнаа во одбраната и со серија од 3-0 дојдоа до 6:4, а имаа и три напади за плус 3, но не ги искористија. Казната стигна и избраниците на Илија Темелковски до полувремето обезбедија водство со 7:8.

Во вториот дел гостите ја одржуваа и ја зголемуваа предноста. При 13:15, домашните имаа прилика да се вратат во игра, но повторно не реализираа. Десната страна во нападот на Прилеп не функционираше, па на гостите им беше лесно да ја насочат одбраната на левата страна. До крајот Работник погоди уште 4 пати, а Прилеп само еднаш и мечот заврши 14:19.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ојлески со 7, а Крстевски даде 4, додека голманот Ивановски имаше одлична партија со 18 одбрани. Дебитираше и босанскиот пикер Граџан со 2 гола. Кај тимот на Прилеп, Шокоски, Бозароски, Тренчевски и Шајин постигнаа по 3, голманот Јовановски забележа 13 одбрани, додека Ивчески имаше 4.