Прилепчани „тргнуваат“ со подготовки в среда, ќе има и странски засилувања

Ракометарите на Прилеп, кои минатата сезона за малку не влегоа во разигрувањето за титулата во Суперлигата, ќе ги стартуваат подготовките за новата сезона на 9 авугст, в среда, под водство на тренерот Ице Соколески.

Засега единствена промена е заминувањето на грузискиот интернационалец Теимураз Орјоникидѕе во пелагонискиот ривал Пелистер. Што се однесува до засилувањата, веќе се пикирани двајца странци кои настапуваат на бековските позиции, додека сигурно ќе има ново име и меѓу стативите.

Прилепчани и ова лето, како и претходните, ја задржуваат традицијата и ќе го организираат меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, најверојатно од 25 август, но сите детали околу новото издание ќе бидат познати следната недела.