Признанија од тренерите за вардарци: Штербик и Раул во идеалниот тим во ЛШ

Голманот Арпад Штербик и тренерот Раул Гонзалез се двајцата играчи кои се најдоа во идеалниот тим на Лигата на шампионите пред стартот на сезоната. Тие се најдоа во најдобриот тим после гласањето на сите тренери на тимовите од Лигата на шампионите при што секој стратег бираше играчи од другите тимови.

Арпад Штербик се најде на местото на Ландин на голот на идеалниот состав во Лигата на шампионите така што доби ново признание, а и Раул Гонзалез со водењето на тимот заслужи да биде пред колегите.

Еве како гласаа тренерите:

ГОЛМАН

15 гласа – Арпад Штербик (Вардар)

5 –  Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

4 – Никлас Ландин (Кил)

ЛЕВО КРИЛО

18 – Уве Генсхајмер (ПСЖ)

4 – Тимур Дибиров (Вардар)

2 – Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар), Јонас калман (Сегед)

ЛЕВ БЕК

12 – Микле Хансен (ПСЖ)

2 – Момир Илиќ (Веспрем), Сандер Сагосен (ПСЖ), Ваел Жалуз (Барселона)

СРЕДЕН БЕК

12 – Никола Карабатиќ (ПСЖ)

9 – Арон Палмарсон (Веспрем)

7 – Лука Циндриќ (Вардар)

ДЕСЕН БЕК

8 – Ласло Наѓ

4 – Недим Ремили (ПСЖ), Алекс Дишебаев (Кјелце)

ДЕСНО КРИЛО

7 – Лук Абало (ПСЖ)

6 – Виктор Томас (Барселона)

4 – Иван Чупиќ (Вардар), Блаж Јанц (Кјелце)

ПИВОТМЕН

7 – Јулен Агинагалде (Кјелце)

5 Лудовик Фабрегас (Монпелје)

2 – Бјарте Мирхол (Скјерн), Патрик Винчек (Кил), Седрик Сораиндо (Барселона)

ТРЕНЕР

20 – Раул Гонзалез (Вардар)

9 – Љубомир Врањеш (Веспрем)

8 – Чави Пасквал (Барселона)

САЛА

12 – Веспрем

8 – Шпаркасен Арена (Кил)

7 – Јане Сандански (Вардар)