Признание за македонските арбитри: Карбеска и Илиева ќе судат за бронза на младинското ЕП

Иако женската младинска репрезентација на Македонија заврши на последното место на Европското првенство во Целје, Словенија, сепак ќе имаме наши претставници во завршницата на континенталниот собир.

Најдобриот женски судиски пар од Македонија, Силвана Карбеска и Марија Илиева се делегирани од страна на ЕХФ да го судат дуелот за третото место, односно бронзениот медал меѓу репрезентациите на Унгарија и Данска што започнува во 15:00 часот во „Златорог Арена“.

Тие судеа одлично на дуелите од групната фаза и елиминациските натпревари на ЕП, па за очекување е ЕХФ да ги делегира и на силните мечеви од Лигата на шампионите.