Прибак: Немавме среќа но и доста промашивме

Македонија одигра одличен натпревар против домаќинот на Европското првенство. Серијата од 3-0 пред крајот на натпреварот целосно ја врати Македонија во борбата за бод, но шансата беше пропуштена па така домаќинот запиша два поени по остварената победа со резултат 24-23.

Немања Прибак по натпреварот ја даде следната изјава за 24ракомет:

„Немавме среќа но и доста зицери промашивме во ситуации кога не требаше тоа да го направиме. Од друга страна имавме неколку елементи кои до сега сме ги изиграле најдобро и тоа во одбрана, полу-контра и напад. Мислам дека ова е најдобриот натпревар во последните неколку години особено ако го земеме во предвид фактот дека одигравме против една репрезентација која е врвна. Пред подготовките за Србија, мораме да гледаме на начин дека овој натпревар сме го изиграле добро и да го оставиме на страна фактот дека сме изиграле лошо пет минути.“

„Уште утре во нашите мисли ќе биде Србија. Ненадиќ е еден одличен играч и е најдобар стрелец во Бундес лигата. Исто така во својот состав, Србија ги има и Абутовиќ и Станиќ на голот како и Шешум кој со последните изданија покажа дека е одличен играч“