Прибак и Лазаров загубија со Бешикташ во Запорожје

Турскиот шампион Бешикташ и покрај тоа што беше засилен со македонскиот репрезентативец Филип Лазаров, загуби на гостувањето кај Мотор Запорожје со 28:22, во натпревар од 6 коло во Лигата на шампионите.

Иако Бешикташ имаше добар резултат по првиот дел, 12:11, a во 54 минута беше на минус 2, 24:22, сепак до крајот не постигна ниеден, а притоа прими 4, па третиот пораз во ЛШ беше неизбежен и дуелот заврши 28:22.

Немања Прибак постигна 3 голови од 7 обиди, додека Лазаров не се запиша во листата на стрелците. По оваа победа Мотор Запорожје се издвои на втората позиција на табелата во групата Д, но Металург со триумф против Чеховски Медведи има шанса да се доближи на само бод.