Прибак и Бешикташ до седма победа во седмиот натпревар

Како и минатата сезона, така и оваа во турскиот шампионат, прв кандидат за титулата е Бешикташ, каде настапува македонскиот репрезентативец Немања Прибак. Неговиот тим кој солидно игра и во Лигата на шампионите, ја забележа и седмата победа во седмиот натпревар.

Најновата „жртва“ на Прибак и соиграчите беше составот на Загносспор кој беше поразен на домашен терен со 33:26. Средниот бек на овој дуел, кој беше добар тест за мечот од ЛШ против Брага, постигна 2 гола.