Прибак играше сам против сите

Бешикташ не го победи Мотор Запорожје, но македонската ракометна јавност има причини за задоволство, поради одличната партија на повратникот во националниот тим, Немања Прибак. Тој практично играше сам против украинскиот претставник во Лигата на шампионите, на мечот кој заврши 28:28.

Тој постигна вкупно 12 голови за Бешикташ, од кои само 4 беа од пенал. Украинците водеа и со 6 голови во текот на мечот, и во финишот го диктираа темпото, но упорниот Бешикташ, со голот на 7 секунди до крајот се избори за бод.