Vujovic

Прибак за изненадување во Истанбул: Трет пораз за Вујо и ППД Загреб!

Вистинска драма се случуваше на натпреварот во Истанбул, каде домаќинот Бешикташ го пречека хрватскиот шампион ППД Загреб во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите. Со гол во последната минута, Немања Прибак го одлучи победникот на овој дуел за конечни 32-30 (17-13).
ППД Загреб имаше минимална предност по првите пет минути, но во продолжение домаќините го превземаа водството,а до полувремето создадоа предност од четири погодоци. Ѓукиќ во 35-та минута за прв пат ги постави највисоките пет голови предност за 20-15. Петте погодоци разлика турскиот шампион ги имаше до 48-та минута, но тогаш составот на Веселин Вујовиќ започна полека да ја намалува предноста на Бешикташ. На триесет секунди до крајот на натпреварот, Степачиќ со својот седми гол го врати ППД Загреб на само гол негатива, 31-30, но Немања Прибак беше прецизен на три секунди до звукот на сирената и ги постави конечните 32-30.
За домаќините најпрецизен беше Доне со десет погодоци, додека Озбахар и Дачевиќ постигнаа по пет. Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак постигна четири погодоци во првата победа на Бешикташ во елитното натпреварување. Кај гостите Степанчиќ стандардно постигна седум, додека Контрец уфрли шест погодоци.