Прибак: Веспрем секогаш имал добра екипа, но никогаш не играл како сега!

На редовната прес конфенренција пред почетокот на дерби натпреварот меѓу Вардар и Веспрем, во рамките на Лигата на шампионите,свои видувања за натпреварот дадоа Немања Прибак и Раул Гонзалес.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

Играме против најдобриот тим во светот и Европа, играа минатата сезона на Фајнл Фор турнирот имаат одличен тим и искусни и квалитетни ракометари. Тие се на првото место во групата, а нас ни се пружа шанса ако победиме, со два бода ќе го превземенме водството на табелата. Ако ја повториме играта со Рајн Некар можеме да се надеваме на повеќе, тие имаат квалитетна одбрана, имаат добар голман и во нападот се опасни, предводени од Чема Родригез кој според мене е најдобар централен бек.

Немања Прибак, ракометар Вардар:

Повод е натпреварот со Веспрем за нас најбитен натпревар во досегашниот дел од сезоната. Секогаш имале добра екипа, но според мене никогаш не играле како сега. Имаат добра екипа, квалитетен начин на припрема, добар тренер, екипата е на виско ниво. Според мене ова е шанса да ја победиме најдобрата екипа во овој момент иако сме малку уморни по натпреварот во Белорусија.