Претседателот на Киелце потврди: Алекс Душебаев заминува кај европскиот шампион во 2017

Младиот репрезентативец на Шпанија Алекс Душебаев кој настапува за македонскиот шампион, РК Вардар, од 2017-та година ќе го носи дресот на новиот шампион на Европа, Киелце, тим кој пред неколку денови ја освои Лигата на шампионите, благодарение на неговиот татко, Талант Душебаев.

13334514_10153477387601644_512066462_o (1)

Претседателот на клубот Сервас вечерва на социјалните мрежи ја соопшти новата аквизиција на новиот европски клупски шампион.

Токму младиот шпанец ќе треба да внеси нова свежина во нападот на Киелце, а раководството на клубот се надева дека семејната врска во екипата на релација татко – син ќе биде вистинскиот рецеп за успехот. Душебаев во РК Вардар пристигна  во 2013-та година и прикажа одлични партии за македонскиот  шампион.