Претседателот Нацева верува во ракометарките: Со сериозен пристап до нова победа против Ларвик

На средина од натпреварите во првата групна фаза сезонава, Вардар е само еден од двата тима кои имаат максимален број на бодови. Задоволството е големо ако се има предвид дека Вардар сезонава имаше промени во играчкиот кадар.

Во клубот беа вклучени неколку помлади девојки, а претседателот на тимот, Гордана Нацева предупредува дека мора да се биде внимателен на секој меч и никој не смее да се опушта.

„Добро е што капитенот и тренерот размислуваат дека секој натпревар е сериозен. Сакам да истакнам дека сериозно пристапуваме на секој меч. Мец и Вардар се единствени со максимален учинок досега во ЛШ. Очекувам сите да бидат здрави и неповредени. Доколку продолжимне со овој начин на играње можеме да го реализираме она што е план. Им се заблагодарувам на навивачите за досегашната подршка, но секако можат да дојдат и во поголем број. Убаво е да се игра пред полни сали. Ларвик е наш традиционален противник. Мислам дека ќе има одлична ракометна претстава во сабота“, изјави Нацева.