Претседателот им посака успех на македонските ракометари (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација утре заминува за Полска, каде од 15 јануари до 31 јануари ќе настапи на Европското првенство во Полска. Претседателот на Македонија денес при посетата на селекцијата на Обрван им посака среќа и успех на првенството.

Ivanov vo poseta na rakometna reprezentacija-4601

Со симболичен гест, претседателот Иванов му подари македонско знаме на капитенот на македонската репрезентација, за возврат од претседателот на ракометната федерација го доби  репрезентативниот дрес со бројот 1.

Ivanov vo poseta na rakometna reprezentacija-4589

Македонија утре во 12:00 часот со чартер лет заминува за Краков. Обрван селектираше седумнаесет ракометари со кои заминува во Полска, првиот натпревар Македонија ќе го одигра против Франција во петок од 18:00.

Ivanov vo poseta na rakometna reprezentacija-4533

ФОТО:ФИЛИП ВИРАНВОСКИ