Прес конференција по натпреварот Вардар-Будуќност

Јованка Радичевиќ (десно крило на Вардар):

Морам да кажам дека ова беше тежок натпревар од самиот почеток. И во најтешките моменти без Андреа покажавме дека сме силна екипа и дека играме многу подобро од првите натпревари. Се надевам дека ќе се сретнеме во финале, секако доколку го избегнеме нашиот дуел во полуфинале.

Индира Кастратовиќ (тренер на Вардар):

Сакам да им честитам пред се на девојките и на прекрасната публика. Се покажаа кога најмногу требаше. На овој натпревар дадовме 120% о себе. Се надевам дека се гледаме на фајнл-фор.

Мајда Мехмедовиќ (лево крило на Будуќност):

Како и што очекувавме ова беше тежок натпревар а атмосферата во салата беше прекрасна за играње. Вардар играше подобро од Подгорица и се надевам дека повредите не се сериозни.

Драган Аџиќ (тренер на Будуќност):

Најпрво да им честитам на ракометарките на Вардар и Индира. Да извадите ваков резултат со толку повредени ракометарки не е едноставно. Драго ми е што млади ракометарки како Ихнева во Вардар и Деспотовиќ во нашиот тим добија шанса да настапат и ја оправдаа. И ние игравме без Булатовиќ. Беше прекрасно да се игра пред ваква публика, и се надевам дека се гледаме на фајнл-фор.