ПРЕСТАП ИЛИ НЕ: Атрактивен гол на ПИК Сегед за крај на полувремето (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар во овие моменти го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против унгарскиот првак ПИК Сегед.

На пауза се замина со предност за нашиот тим со 14-12, а последниот погодок беше постигнат од страна на гостинскиот тим.

Балог и Сигурмансон беа творци на голот со цепелин, но се чини дека исландското лево крило направи престап при погодокот во мрежата на Милосављев.

Погледнете во видео прилогот….