Преспа со лесна задача против Весна Акумулатори

Ракометарите на Преспа играјќи во еден ритам од почеток до крај успеа да ја совладаат екипата на Весна Акумулатори во меч од 11. коло од Групата 1 во Првата машка лига со 39:26. Насредбата која се одигра во Ресен немаше проблеми за домашните кои доминираа восите 60 минути.

Ресенци тргнаа сигурно од првата минута и поведоа со 3:0 по што само ја зголемуваа разликата за на одмор да имаат 17:11. Овие шест гола им беа доволни за во вторите 30 минути да се игра уште подобро и поофанзивно.

Гостите од Пробиштип не можеа да парираат, па рано останаа без можност да се надигруваат и се помирија со пораз на ова гостување во Ресен со што останаа на претпоследното место на табелата.

ПРЕСПА – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ           39:26 (17:11)

Сала: Заре Стојановски во Ресен. Гледачи: 600. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ПРЕСПА: Ставревски 1, Ристевски, Тасевски 4, Јошевски 7, Шабединовски 4, Ќулумовски 1, Шиклевски 5, Андоновски 2, Савевски 1, Башевски 8, Даскаловски 3, Павловски 1, Мирков 1, Ѓеоргиевски, Стефановски, Касовски 1.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 14 мин.

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ: Трајковски, Евтимов 3, Славевски, Стојменовски 1, Арсов 1, Петров 5, Пешовски, Илиевски 2, Савковиќ 10, Попов 4, Стојчов.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 14 мин.