Пресврт, драма, продолженија… Шпанија е новиот светски младински шампион

Со натпреварот меѓу Шпанија и Данска се спушти завесата на Светското младинско првенство во Алжир. Македонија го заврши турнирот на шестата позиција, а во возбудливото финале Данска со пресврт дојде до водство на 15 минути до крајот но недоволно да ги совлада Шпанците. Шпанија успеа да ја обедини титулата европски младински шампион со оваа од мундијалот во Алжир по продолженија со резултат 39-38.

Шпанија ја имаше контролата над играта во текот на првото полувреме, а по воведните 1-4 се чинеше дека работите ќе се одвиваат по нотите на црвената фурија. Но Данците не мислеа така затоа резултатот остана неизвесен до самиот крај. Иако скандинавските ракометари се обидуваа да го изедначат резултатот не успеа во својата намера, па по првото полувреме Шпанија имаше предност од 16-18.

Со исто темпо продолжи и вториот дел, Шпанија го контролираше резултатот, а Данска беше постојано зад нив. Пресвртот се случи во средината на вториот дел кога Данците најпрво израмнија, а во 45та минута го превземаа водството за прв пат на овој дуел за 26-25. Минималната предност Данците ја одржуваа до 50та минута, кога со низа од три погодоци Шпанија повторно го врати водството од два погодока, 29-31.

Младите дански ракометари не се предаваа и го одведоа финалниот меч во возбудливата завршница со израмнување на резултатот на 31-31, на пет минути до крајот. Шпанците повторно ја вратија минималната предност, но во последните две минути играа со играч помалку, а Данците знаеја како да го искорстат играчот повеќе. На 15 секунди до последната свирка на судијата скандинавците се вратија во водство за 33-34, а веднаш по тајм-аутот на шпанската клупа, противникот возврати со атраткивен цепелин. Но останаа уште пет секунди до крај на мечот, а Шпанија последниот напад го играше без голман на својот гол. Данците се обидоа да постигнат брз гол од центарот, а во тоа ги спречи еден шпански ракометар. Судиите веднаш покажаа на линијата за седум метри бидејќи шпанскиот ракометар бранеше во голманскиот простор, но одличниот голман Ледо ги одведе двете екипи во продолжение со резултат 34-34.

Шпанскиот голман блескаше и во првото продолжение, им овозможи на своите врсници да се вратат во водство, но до крајот на првите пет минути Данска го израмни резултатот на 36-36 за нови возбудувања во продолженијата.

Второто продолжение од пет минути Данска го започна со два гола во мрежата на Шпанија. Црвената фурија бргу ги консолидираше своите редови,  а одличните одбрани на Ледо ги доведоа во позиција да се вратат во водство. Во последната минута Данска играше со седум на шест, но тоа им се врати како бумеранг. На педесет секунди до крајот на продолжението Ледо имаше можност да ја врати во водство Шпанија, но не го погоди голот на Данска преку цел терен, затоа одличната одбрана во следниот напад кој Данска се обиде да го заврши преку крило, му овозможи повторно иста шанса. Овојпат Ледо ја даде топката кај Душебеав кој беше прецизен за победа од 38-39 и голема прослава на светската титула.

Франција во натпреварот за трето место беше поуспешна од Германија со 23-22 и го освои бронзениот медал.