Преку сезоната е селектор на светска велесила, а преку лето работи како аналитичар за кадетите (ФОТО)

Селекторот на сениоската репрезентација на Шпанија, Жорди Рибера, кој стана европски првак на последниот континентален собир во Хрватска, не е активен само преку сезоната.

И во летната пауза, тој е активен на ракометните терен, бидејќи им помага на младинската и кадетската селекција на „фуријата“. Рибера прави анализи на ривалите на Шпанија и ги советува селекторите кои ги предводат кадетите и младинците.

Ист е случајот и во Скопје, ги снимаше Хрватска и Словенија, двата најголеми ривали на Шпанија за првото место во групата А на Мундијалот.