Преку Металург и Порто до Гумерзбах

Хрватскиот лев бек Марко Матиќ, кој преклани го носеше дресот на Металург, а ланската сезона ја помина во португалскиот шампион Порто и играше во Лигата на шампионите, во своето портфолио ќе додаде и настапи во Бундес Лигата.

Во следната сезона тој ќе биде дел од екипата на Гумерзбах. Познатиот германски клуб последните години не е на нивото кое го заслужува, па со ангажманот на Мамиќ, во кој гледаат лидер на екипата, ќе се обиде да се врати на старите патеки во Бундес Лигата.

Матиќ има 29 години, а освен на позицијата лев бек може да покрие и на плејмејкерската. Тој потекнува од Извиѓач Љубушки, додека во меѓувреме играше за Пост Шверин, а со Загреб, Металург и Порто беше дел од ЛШ.