Пред 43 години Европа го доби првиот шампион од овие простори

На денешен ден пред точно 43 години првиот клуб од поранешна Југославија застана на европскиот ракометен трон. Партизан од Бјеловар во финалето на сезоната 1971-72, во пеколната арена во Дортмунд го совлада германски Гумерсбах со 19-14 и стана првиот европски клупски шампион од поранешната држава. Десетина години пред да стане европски шампион Партизан Бјеровар исто така играше во финалето на Купот на шампионите(сезона 1961-62) каде беше поразен од Гепинген со 13-11. Своето трето и последно европско финале го одигра во сезоната 1972-73 не успевајки ја одбрани европската титула, каде беше поразен од екипата на Москва со 26-23.

Жељко Селеш, предводникот на таа златна генерација на Партизан Бјеловар со задоволство се сеќава на моментите поминати на европскиот ракометен врв:

Ние тогаш како најдобар ракометен тим од Југославија редовно се натпреварувавме на европска сцена, па така во нашето второ европско финале 1972 година во Дортмунд пред 14 000 (во поголем дел) германски навивачи успеавме да го совладаме домашниот Гумерсбах со 19-14. Никој пред нас не успеал така да ги декласира познатите Германци кои во тоа време беа предводени од еден од најпознатите ракометари на светот Ханс Шмит. Како што самиот Шмит покасно изјави, тоа им беше најголемата лекција во нивната кариера.

Златната герерација на Партизан Бјеловар ја сочинуваа: Брадиќ, Нимш, Прибаниќ, Проданиќ, Видовиќ, Јакшеновиќ, Јандроковиќ, Хорват, Ѓуранец, Пеќина, Смиљаниќ, Хасан.

Југословенската клупска ракометна доминација во Европа ја продолжија екипите на Борац Бања Лука (Европски шампион 1975-76), Слован Љубљана (финале, 1980-81), и славната Металопластига која играше три финалиња по ред (1983-84-пораз од Дукла, 1984-85-Европски шампион, 1985-86-Европски шампион).