Пред трансферот во ПСЖ, Раул вели „Ќе видиме што ќе биде“ (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес последните неколку недели е во центарот на вниманието исто како и неколку ракометари. За него постојат информации дека во септември се сели во екипата на ПСЖ, а и самиот не го демантираше тоа во изјава за 24Ракомет ТВ.

Во ексклузивното интервју на 24Ракомет ТВ кое ќе се емитува наредниот понеделник, Гонзалес изјави дека никогаш не се знае што ќе се случи утре, на прашањето дали заминува за Париз. Со оглед на тоа што има талент за брзо учење на јазици нема да биде изненадување, ако го совлада францускиот за кратко време.