Пред два месеци ја заврши кариерата, а во новата сезона ќе ги масира колешките

Иако во април наполни 30 години и можеше да продолжи и понатаму со настапите, репрезентативката на Шведска, Џени Алм одлуки да стави крај на својата кариера. Таа заврши со игрите за тимот на Копенхаген и за националниот тим, но брзо сфати дека не може без ракометот.

Во иднина Алм ќе има нова задача. Таа се враќа во својот прв клуб во кариерата, но со сосема поинаква улога. Алм ќе ги масира своите колешки бидејќи доби можност да биде физиотерапевт на Савехоф.

Инаку, таа играше за овој тим во периодот од 2011 до 2015 година.