Преглед 5.коло, група Ц, Алжир-Чешка

Во последните две кола, Чешка делува препородено, иако противникот од Африка е само за брусење форма за Президент купот, сепак делува импресивно резултатот на полувреме кој гласеше 21-10.

Натпревар без резултатска важност, барем од аспект на пласман во 1/8 финалето. Во 10-та минута резултатот беше 3-7 период кога чешката одбрана имаше голема помош во одбраните на Штохл. Веќе во 25-та минута беше 8-17 за на паузата да се отиде со 10-21.
Разлика од минута во минута раснеше како што минуваше времето во вториот дел. Во 54-та минута Чесите ја имаа највисоката предност од 17-33. Денеска, Јиха надополнет со Хрстка, Јурка, Бабак, Шумански и Линхарт ја полнеја мрежата на Алжир, национален состав кој изгледа како да ги имаше потрошено ракометните батерии во дуелот завчера, со мега ѕвездите на Франција.

Најефикасен на теренот беше Јиха со 7 голови, кај Африканците Дауд беше прецизен 5 пати, за конечни 20-36.