Преглед 4.коло, група Д: Германија-Аргентина

Германија продолжува со импресивните настапи на Светското Првенство во Катар, Аргентина имаше сили единствено за едно полувреме против моќниот состав на Германија.
Група Д
Германија 28-23 Аргентина (13-14)

Изедначена игра во која контролата над резултатот ја имаше Германија траеше 12 минути, кога по 3-0 серија Аргентинците го превземаа водството за 7-8. Но одличниот Грецки не дозволи никакво изненадување, во наредната минута го изедначи резултатот, а Милер и Краус повторно ја вратија Германија во водство од 10-8. Последните пет минути од првиот дел им припаднаа на Аргентинците кои за една минута погодија 3 пати во низа, а Вајнхол стави точка на првиот дел за 13-14 и водство на Аргентинците.
Истиот ракометар го отвори второто полувреме за ново израмнување 14-14. Минималната предност на сино-белиот тим траеше до 45-та минута, кога Германија го реши овој натпревар.
Во 42 минута Грецки ја започна 4-0 серијата на Германците, а истиот ракометар и ја заврши во 46-та за водство над Аргентина од три голови, 22-19.
Но Германија не застана тука, пет минути подоцна направи нова серија за недостижни 27-22 и нова трета победа на ова натпреварување.
Најпрецизен во тимот на Германија беше Грецки со 7 погодоци, додека во редовите на Аргентина, Фернандез постигна 6, а Пизаро и Вијера постигнаа по пет погодоци. Во одлично светло денес се претстави вториот голман на Германија, Лихтлејн со 15 одбранети удари, додека на другата страна потфрли првата ѕвезда на Аргентина, Диего Сименет кој постигна само еден погодок од 12 обиди.