Преглед 4. коло, група Б, Иран-Австрија

Во динамичен натпревар од нашата Б група се сретнаа селекциите на Иран и Австрија, а резултатот на семафорот после 60 минути, гласеше 26:38.

Фуриозен старт за Австријците и водство од 1-4, притоа зоната за составот предводен од Исланѓанецот Патрекур Јоханесон беше длабока и подвижна 6-0. На спротивната страна и Борут Мачек се одлучи за 6-0 зона. Преку брзите крила Сантош и Вебер, Австрија создаде предност од 1-7 во 8-та минута и 2-10. Но како одминуваше времето, Иран беше се подобар и постабилен во одбрана, па така резултатот гласеше 5-13, 7-14, 9-16 и 13-18 на истекот од полувремето.
Во вториот дел, на почетокот Иран се доближи на 15-18 (серија 6-0 започната од првото полувреме) и 16-20 преку Каземи и Естеки, дури во 41-та минута го намалија водството на Австријците на само -3(21-24).
Австрија го зголеми ритамот и така раснеше предноста 21-27, 23-32 и 25-34(55-та минута), за конечни 26-38.

Најефикасни кај обете селекции беа Сантош со 8 и Вебер 6, како и Естеки кај Иранците со 7. Голманскиот дел од Австрија со 19 одбрани денеска, при што Маринович во првото полувреме одбрани квалитетни удари на Азијците, но и зицери на 6-те метри.