Преглед 3. коло, група Д, Аргентина-Саудиска Арабија

Во овој натпревар неизвесноста траеше само во првите триесет минути. Аргентина низ натпреварот покажа тактичка зрелост и ракометно знаење за конечни 32:20.

Грубата игра беше одлика во првото полувреме, но и многу изгубени топки, па статистиката во првиот дел имаше регистрирано 8-6 во изгубени топки за Аргентинците. Азијците се држеа резултатски 3-3, 4-4 во 9-та минута, за со мини серија од 3-0, Аргентинците преку браќата Симонет, да поведат со 7-4. Во 20-та минута беше 9-6, сепак Саудиска Арабија ја врати неизвесноста со серија од 3-0 за израмнување 9-9 и 11-11.
Полувремето означи 13-11 и навестуваше доза на неизвесност.
Тактички Аргентинците менуваа од 6-0 во 5-1 наспроти честите промени во зоната кај Саудиска Арабија. Во вториот дел, прочитана играта на Саудијците, затоа резултатот се движеше 15-11 во 33-та минута и 19-14 во 40-та минута.
Повторно мини серија за 22-14 во средишницата од второто полувреме за зголемување на водството и анулирање на неизвесноста.
Во 49-та минута Аргентинците имаа осум голови предност 24-16, по која следуваше нова неодговорена серија од 4-0 за Гаучосите.

Најефикасни беа браќата Симонет (со вкупно 13 голови) и Пизаро со 7, на спротивната страна Алјанаби 5 погодоци.