Преглед на 3. коло, Група Б: Австрија-Тунис

Во нашата група уште една квалитетна пресметка на две цврсти репрезентации. Многу борба на теренот и навивање од трибините за конечни Австрија-Тунис 25:25.
Се играше гол за гол до 8-та минута кога Австрија поведе 3-2 преку расположеното крило Вебер. Австријците денеска одиграа плитка 6-0 зона, но со чести длабоки излегувања кон противничките бекови, а нивниот голман Мариновиќ до 10-та минута имаше 4 одбрани.
Вебер имаше реализација 4/4 и беше најзаслуен за резултатот 6-3, додека Сантош истрача две брзи контри (првин газеше на линијата, а потоа во следната контра ја погоди пречката). Вебер со петиот гол од исто толку обиди носи водство од 8-5 во 15-та минута.
Санаи го покажа својот бековски потенцијал и доминираше на 9-10 метри од голот на Мариновиќ со прецизни шутеви. Неговиот Тунис денеска истотака играше 6-0 зона во одбраната, а таа одбрана Австријците ја пробиваа преку брзите крила Вебер и Сантош.
Во 22-ра минута беше 10-10, а три минути подоцна 12-12 за изедначена и неизвесна битка на ракометниот терен. Серијата на Тунис од 3-0 Тунис и овозможи комфорна предност од 12-15 која до крајот на првиот дел се намали на 14-15.
1450043_10204543406058347_1836805642783278658_n
Во вториот дел, цврста игра на обете страни, многу изедначувања: 16-16 и 17-17, но и во 43-та минута повторно егал овојпат 20-20.
На десет минути до крај на натпреварот Тунис поведува со 22-23 (23-24 во 54-та минута) и таа предност ја одржува до пред крајот кога на три и пол минути пред последниот свиреж Австријците прават серија 2-0. До крајот Тунис израмнува за поделба на бодовите 25-25.
Најефикасни беа Баноур со 7 и Теџ со 6 погодоци, додека кај Австријците Вебер постигна 6, а Сантош запиша 7 голови зад своето име.
10940618_10204543406138349_4452056663618678542_n