Преглед на 19-то коло од француската Д1 лига: Обрван поуспешен од Борко, деби на Гоце Георгиевски

Нови ракометни мајстории во силната француска Д1 лига понудија изминатите два дена. Во рамките на 19-то коло одиграни се следните натпревари:

Шамбери-Кретеј 28-26(18-11),
Во многу интересен дуел помеѓу тимот предводен од селекторот на македонската ракометна дружина, Ивица Обрван, Шамбери и тимот на репрезентативиот голман на Македонија(го пропушти дуелот поради повреда), поуспешен беше селекторот. Шамбери е во одлична форма и се наоѓа на само еден бод од третото место. Во редовите на победникот се истакна Матулиќ со 7 голови, Башиќ и Бичаниќ со по 4 голови. Кај Кретеј, Малиновиќ постигна 6, а Торомановиќ 3 голови. Нападот на домаќинот биеше со 65 % реализација и тука треба да се бара причината за победата.
Аих-ПСЖ 29-30(13-14),
Левиот бек Гони Леоз постигна 8 голови, но недоволно за да ги покори ѕвездите Абало(7), Хансен(6), Акамбре(5) и одличниот Омејер со 11 одбрани(околу 30 % одбранети удари). ПСЖ е во потера по лидерот Монпелје, кој е најблиску до тронот во ракометна Франција. Аих врза 3 порази на последните 4 одиграни кола, но сеуште е во златната средина од табелата со 15 бодови.
Истрес-Данкерк 25-32(12-18),
Убедлива победа на сеуште актуелниот шампион на ракометната велесила Франција. Победникот беше решен уште во прво полувреме, кога одбраната на Данкерк дозволи само 12 голови наспроти дадените 18 голови. Квалитетниот напад (со 65 % реализација) го предводеа Теофил Касеј и Пјер Судри со по 6 голови додека голманот Анотел имаше солиден настап со 10 одбрани или севкупно голманскиот тандем забележаа одлични 18 одбрани. Фенерџијата на табелата има само 2 победи и 2 реми во целото првенство па така преселбата во понизок ранг е неминовна.
Ним- СТ. Рафаел 30-28(13-14),
Неизвесна и крајно борбена утакмица со голем број на погодоци. Ним го изненади фаворизираниот тим на СТ. Рафаел кој се чини дека потфрли во делот на нападот каде иако реализираше со 60 % , имаше мал број на упатени удари-само 46 кон голот на Ним. Кошето(7) голови и Ѓукановиќ со 16 одбрани не успеаа наспроти расположените домашни ракометари Саурина (8), Ваеге (7) и Агуирезабалаг(5) голови. Ним со овие два драгоцени бодови стигна до 15-от бод или +5 од тимот на Селестат кој е на местото кое води во втората лига.
Селестат-Трембле 32-31(16-12),
Многу голови, брзи контри и полуконтри на дуел помеѓу два изедначени ривали. На домаќинот во последните 5 кола ова му е прва победа и битката за опстанок ќе продолжи до крајот на првенството. Трембле кој е во слаба форма го имаше Дарас со 7 голови, но недоволно наспроти Франсоа Мари (8), Гудјонсон (6) и Клементиа(6) кај Селестат.
Тулуз-Сесон 27-25(11-11),
Тулуз на нашето репрезентативно крило Георгиевски победи на дуелот против Сесон. Сега на табелата е 12-то место или +4 во однос на Селестат тоа значи дека битката за опстанок продолжува. Гоце Георгиевски постигна 2 погодоци(67 % реализација) за победничкиот тим во кој најефикасни беа Звижеј и Калвел со по 7 голови, додека голманот Думулин го заврши натпреварот со 9 одбрани. Кај гостите за кои ова е 4ти пораз во 5-те последни кола се истакна Сути со 7 голови.
Монпелје- Нант 30-21(14-12)
Импресивни 15 минути на Монпелје пред своите навивачи го решија прашањето на победникот. Почетокот им припадна на гостите кои предводени од Македа имаа предност во првата четвртина од натпреварот. Одличниот голман на Монпелје, Шиферт со 19 одбрани не беше клучниот ракометар, единствено поради фактот што на спротивната страна искусниот Горазд Шкоф имаше свој ден со 18 одбрани. Иако домаќините имаа предност од шест голови по 37 минути игра, доволни беа осум минути за ново изедначување на резултатот на 20-20. Одличната серија од 9-1 во импресивните последни 15 минути од натпреварот за домаќините го одлучи конечниот поедник. Диего Симонет постигна 6 погодоци, додека Македа погоди четири пати за гостинските ракометари.