Преглед на 1/8 финалните двојки на СП Данска 2015

Со победите на Црна Гора, Холандија, Бразил и Русија се затвори првата прелиминарна фаза од Светското првенство во Данска. Четирите репрезентации се победници во своите групи и како најдобропласирани ќе ја започнат елиминациската фаза со осминафиналето на мундијалот. На распоредот во четири градови се осум натпревари кои ќе ги дадат најдобрите осум селекции во светот, распоредот на дуелите е во вечерниот термин во недела и понеделник. Битка за трофејот од Хернинг ќе ја бијат следниве двојки:

Недела 13.12. Хернинг 20.45 1/8 финале ДАНСКА – ШВЕДСКА

Недела 13.12. Колдинг 20.30 1/8 финале БРАЗИЛ – РОМАНИЈА

Недела 13.12. Наесвед 20.45 1/8 финале ХОЛАНДИЈА – СРБИЈА

Недела 13.12. Фредерисхавен 20.30 1/8 финале ГЕРМАНИЈА – НОРВЕШКА

Понеделник 14.12. Хернинг 18.00 1/8 финале УНГАРИЈА – ПОЛСКА

Понеделник 14.12. Хернинг 20.45 1/8 финале ЦРНА ГОРА – АНГОЛА

Понеделник 14.12. Колдинг 17.45 1/8 финале ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА

Понеделник 14.12. Колдинг 20.20 1/8 финале РУСИЈА – КОРЕА

Меѓу европските селекции во борба за најдобрите осум ќе се вмешаат Кореа, Ангола и актуелниот шампион Бразил. Русија, Црна Гора, Бразил, Шведска и Холандија досега немаат забележано пораз, а „зборнаја“ е едиствениот состав кој ги нанижа сите победи во прелиминарната фаза.

ФОТО:Стефан Пилуд/ИХФ (Credits: Stephane Pillaud/IHF)