Преглед на 18. Коло, француско првенство: Кретеј ја продолжи победничката низа…

Деновиве на програма беше 18.коло од Француската Д1 лига која ни донесе интересни натпревари и резултати кои ги полнат салите ширум Франција.
Постигнати се следниве резултати:

Трембле-Монпелје 28-33(14-17),
Трембле е релативно безбеден на табелата, но загрижува фактот дека има 3 порази на последните 4 средби. Додека лидерот Монпелје продолжува суверено на тронот со бодовна предност +3 пред ПСЖ. Друхин постигна 8 голови за домаќинот, а на спротивната страна како и секогаш се истакнаа Гајиќ со 5, Доленец со 6 голови а најефикасен на натпреварот беше Гигу со 8 голови зад своето име.
Нант-Тулуз 31-29(14-13),
Нант игра променливо, но гостинот е во полоша ситуација. Тулуз има само 1 бод на последните 5 средби. Ривера со 7 голови повторно најдобар и ова коло кај Нант, а кај гостите се истакнаа Шел и Фернандез со по 7 голови.
ПСЖ-Ним 37-27(16-14),
Очекувана победа на фаворитот како загревање пред 1/8 финалниот дуел од ракометната ЛШ. Нападот(предводен од Хансен со 9 голови) на овој меч беше одличен, а сите стрелци на ПСЖ расположени торпедирајќи го противничкиот двоец голмани.
Сесон-Истрес 29-21(14-8),
Сигурна победа на домаќинот кој уште на полувреме го реши победникот на овој натпревар. Истрес е фенерџија на табелата, додека Сесон е 7ми и со оваа победа прекина низа од 4 последователни порази. Кај Сесон Сути со 7 и Батинович со 5 голови најефикасни, додека кај поразениот тим Росиер со 5 голови се истакна.
Кретеј-Аих 31-29(12-15),
Борко Ристовски имаше помала минутажа, но сепак неговиот тим со пресврт и пожртвувана игра во средишницата од вториот дел дојде до важни два бодови и сега е во горниот дел од табелата со одлични 17 бодови. Дескат постигна 7 погодоци за Кретеј, додека ефикасен беше и Илес за гостите со 9 голови.
Данкерк-Селестат 24-19(12-9),
Домаќинот ниже победи(4та по ред) и моментално е 4ти, додека Селестат е претпоследен и игра многу лошо па така му претстои неизвесна ракометна пролет во Д1 лигата.Тврд натпревар со малку голови и одлични одбрани особено кај домашниот тим предводен од црногорскиот интернационалец Пејовиќ со 6 голови исто колку и Сери на спротивната страна.