Преглед на 12-то коло од машката Супер лига (ВИДЕО)

Со натпреварот меѓу Борец и Пролет се заокружи 12-то коло во македонската Супер лига. Борец запиша нови бодови на своето конто и се доближи до осмопласираниот состав. Неочекуваниот пораз, ги сведе шансите на Пролет за пласман во плеј-офот на теорија.

Победата над Вардар Јуниор за пелистерци значеше враќање на победничките патеки и едно место погоре на табелата во македонскиот шампионат. Пелистер сега е седмопласиран пред Пролет, а ракометарите од Битола полни со самодоверба патуваат за Скопје, каде во петок од 20:15 минути играат уште еден дерби дуел против Работнички.

Составот на Андон Бошковски по гостинската победа од Радовиш се врати со 24 бодови, шест повеќе од петопласираниот Вардар Јуниор, за подигнување на атмосферата во тимот пред последниот официјален натпревар во својата „Форца“ за оваа година.

Прилеп имаше лесна задача во ова коло, а младите ракометари на Металург 2 одиграа одлична партија во која одбраните на двата тима беа во заден план. На крај беа постигнати 77 погодоци за убедлив триумф на домаќините во Прилеп.

Охрид во вонредното коло во четврток (10.12.2015) му гостува на лидерот Металург, а три дена подоцна во рамките на 13-то коло ги пречекува ракометарите на Радовиш.

Во прилог можете да ги погледнете најитересните моменти од сите одиграни средби изминатава недела…