Преглед на настапите на македонските интернационалци

ГЕРМАНИЈА: Бергишер и Ацо Јоновски се поразени на гостувањето кај Балинген со 27:23, во натпревар од 9 коло во Бундес лигата. Јоновски стандардно играше во одбраната и заработи жолт картон.

Ивана Саздовски и Бенсхајм ја продолжија победничката низа во Втората бундес лига, откако славеа на домашен терен против Хаунштетен со убедливи 32:18, а македонската интернационалка постигна 3 гола.

АВСТРИЈА: Влатко Митков и Кремс ремизираа на гостувањето кај Вест Виен, 26:26, а десниот бек на македонската репрезентација постигна 3 гола, од кои 2 од пенал.

БЕЛГИЈА: Тимот на Спортинг Нело, каде настапува Влатко Тасевски беше подобар од Турне со 34:30, во натпревар од 8 коло во кој поранешниот ракометар на Преспа, Вардар и Пролет постигна 5 голови.

ДАНСКА: Хорсенс на Викторија Мурговска беше убедливо поразен кај Ајакс со 22:13, а македонската интернационалка не погоди на овој дуел.

БЕНЕ ЛИГА: Мерксем каде игра Лазар Попов е поразен на гостувањето во Холандија кај Волендам соо 33:21, а Попов беше стрелец на 2 гола.

УНГАРИЈА: Балатонфуреди на десниот бек Михаил Петровски загуби на гостувањето кај Егер со 25:21, а екс ракометарот на Пелистер, Вардар, Констанца, Архус, Рингстед и Вилфранш, постигна 1 гол.

ЛУКСЕМБУРГ: Каерјенг изненадувачки загуби на гостувањето кај Берхем со 37:31, а на овој меч десното крило Влатко Темелков беше стрелец на 1 гол

НОРВЕШКА: Молде на домашен терен го победи Левангер и ја продолжи победничката серија забележувајќи ја четвртата победа во низа, а пикерот Ивана Гакидова имаше 3 од 3 за победничкиот тим.

ПОЛСКА: Пјотрковија и Зорица Десподовска никако да ја прекинат серијата порази. Новиот пораз е од екипата на Јеленина Гора со 28:26, на натпревар на кој Десподовска беше втор стрелец со 5 голови.

ПОРТУГАЛИЈА: Бенфика и Никола Митревски беа убедливи против Боа Хора и победија со 29:18, во натпревар од 9 коло во португалскиот шампионат.

ШВЕДСКА: Хелсинборг на Јане Цветковски го доживеа вториот пораз во Втората лига на Шведска, откако загуби на гостувањето кај Онередс со убедливи 37:30.

ФРАНЦИЈА: Белфор каде играат Александар Ангеловски и Дарко Оса Георгиевски победи на домашен терен против Мулуз со 27:23, на натпревар на кој Ангеловски даде 4 голови, додека Георгиевски не се запиша во листата на стрелците.