ПРЕГЛЕД НА НАСТАПИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

ГЕРМАНИЈА: Составот на Вецлар забележа победа со 26:19 над Гумерсбах, а поранешниот репрезентативец Филип Миркуловски псотигна 3 голови на овој натпревар.

АВСТРИЈА: Влатко Митков одигра одлична партија и со 10 голови беше прв стрелец на мечот кој неговиот Кремс го доби на гостински терен против Брик со 32:25.

Моника Стефаноска постигна 4 голови во убедивата гостинска победа на МГА Фиверс над Ацгерсдорф со 38:23 во рамките на 8 коло од австрискиот шампионат.

Ферлах на Ристо Арнаудовски загуби од Ацгерсдорф со 38:33 во рамките на 3 коло од австрискиот Куп, а македонскиот интернационалец даде 6 голови и беше втор стрелец.

БЕЛГИЈА: Спортинг Нело на Владимир Тасевски забележа победа на Висе со 28:23 и се уште нема пораз по 9 натпревари.

ДАНСКА: Викторија Мурговска беше најдобар стрелец со 7 голови на натпреварот од Првата дивизија на Данска, кој нејзиниот тим Хорсенс го доби против Алборг со 31:24.

КУП НА ЕХФ: Јенимахал на Ленче Илкова со 33:27 славеше над германскиот Мецинген во првиот дуел од 3 коло на Купот на ЕХФ, а македонската интернационалка даде 1 гол.

Елена Георгиевска со 8 голови беше прв стрелец и го предводеше составот на Алба Фегервар до гостинска победа над Хувента Михаловце со 28:23 во првиот меч од 3 коло на Купот на ЕХФ.

БЕНЕ ЛИГА: Мерксем загуби од Висе со 30:24 во рамките на 11 коло од регионалната Бене лига, а Лазар Попов беше стрелец на 1 гол за Мерксем.

ЛУКСЕМБУРГ: Каерјенг каде игра поранешниот репрезентативец Влатко Темелков гo победи Петанж со 32:21, во натпревар од 6 коло на првенството на Луксембург, а десното крило даде 3 голови.

РОМАНИЈА: ЧСМ Букурешт на Звонко Шундовски и Гоце Георгиевски ја победи Решица со 27:24, а десното крило даде 5 голови и беше втор стрелец.

Доброгеа Суд Констанца славеше над Сату Маре со 29:20, а Бранко Ангеловски постигна 1 гол за победничкиот тим.

Данубуис Галаци на Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска славеше минимално со 20:19 кај Магура, а Ливриниќ даде 2, додека Јовановска 3 пати се запиша во листата на стрелци.

Андреа Белеска беше втор стрелец со 4 голови во поразот на Валчеа на домашен терен од Залау со 29:25.

ТУРЦИЈА: Јозгат Бозокспор каде игра Јован Талевски загуб од Гозтепе со 31:29, а македонскиот бек постигна 1 гол на овој меч.

НОРВЕШКА: Молде каде игра Ивана Гакидова славеше на домашен терен против составот на Филинген, а македонската репрезентативка беше стрелец на 2 гола.