Преглед на настапите на македонските интернационалци

РОМАНИЈА: Данубиус Галаци каде играат Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска забележа победа над составот на Четате Дева со 27:19 на гостински терен. Ливриниќ беше најдобра со 5 олови, додека Јовановска даде 2. Десниот бек Андреа Белеска постигна 4 голови во убедливата победа на Валчеа на гостувањето кај Плоешти со 42:22, во натпревар од 8 коло на романскиот шампионат.

СРБИЈА: Савица Мркиќ беше најдобар стрелец ос 5 голови, во поразот на нејзиниот Бор на гости кај Кикинда со 25:19, во натпревар од 7 коло на српскиот шампионат.

ГЕРМАНИЈА: Бенсхајм победи на гости кај Бејехорде со 24:20 и се уште нема пораз во седум натпревари, а Ивана Саздовски стандардно беше најдобар стрелец со 8 голови на овој натпревар. Ацо Јоновски и Бергишер загубија кај Хановер со 33:27, а македонскиот репрезентативец стандардно играше во одбраната.

УНГАРИЈА: Балатонфуреди на Михаил Петровски запиша победа над Сегледи со 23:16, а десниот бек не се запиша во листата на стрелеци, додека Никола Маркоски со Орошази загуби дома од Комлои со 26.24, а пикерот остана без погодок.

ДАНСКА: Викторија Мурговска постигна 1 гол во победата на Хорсенс на домашен терен над составот на Лингби, во натпревар од 6 коло во Првата лига на Данска.