ПРЕГЛЕД Д1: Монпелје и ПСЖ за спектакуларен финиш на осмото коло (ВИДЕО)

Деновиве се одигра ново коло во најсилната Француска лига. Осмата рунда ја одбележаа дербито меѓу Монпелје и ПСЖ, а за македонските ракометни вљубеници интересен беше дуелот на двете екипи за кои настапуваат два македонски репрезентативни играчи, дуелот меѓу Тулуз и Кретеј односно Гоце Георгиевски и Борко Ристовски, кое му припадна на голманот на нашиот национален тим.

Данкерк-Шартрес 29-29 (13-16),
Висока ефикасност во реализација на нападот кај обете екипи, во домашниот тим 57 % додека кај победничкиот состав дури 64 %. Мало изненадување е овој резултат на гостите, но наполно заслужен бод на гостувањето во Данкерк. На табелата Данкерк е 9ти, додека за фенерџијата Шартрес ова е прв освоен бод. Најефикасен во домашната екипа беше Судри со 7 голови, додека кај гостите се истакна Молиније со 11 голови(69 % реализација).
Иври-Аикс 34-30 (19-11),
Со одлична игра во напад, брза реализација од контра и полуконтра, домашните ракометари го контролираа текот на натпреварот и резултатот. На табелата Иври е 11-ти со 6 бодови, додека Аикс е место подолу со 5 бодови. Најефикасни беа:Чипурин и Мине, обајцата со по 7 голови и 88 % реализација во ударите.
Ст. Рафаел- Нимс 35-33 (16-16),
Изедначен натпревар кој на крајот го решија нијанси во полза на Ст. Рафаел. Најефикасни беа: Кошето со 10 голови(83 %) кај домашниот состав и Гудјонсон кај гостите со 10 голови, но 71 % реализација.
На табелата, домашниот состав е трет со 6 победи и 2 порази. Нимс пак, 6ти со променливи резултати.
Шамбери- Сесон 27-19 (14-10),
Заслужена победа за составот на нашиот селектор Обрван, со одлична одбрана и прецизен напад. Со овие бодови сега Шамбери е во серија од 3 победи и се искачи на 7-та позиција, додека гостите и понатму се на високата 4-та позиција со 11 бодови и мини криза од два натпревари без победа. Најефикасни беа: Бичаниќ со 6 погодоци за домаќините и кај поразениот тим Роман Брифе со 4 голови.
Нант-Трембле 32-26 (17-9),
Пред својата верна публика, Нант забележа сигурна победа, пред се благодарение на одличниот и разноврстен напад. Со контрола над играта и резултатот чекори напред до 8-ма позиција и две врзани победи, додека Трембле е претпоследен со само 2 освоени бодови. Најефикасни беа: Ривера 8 голови за Нант и кај гостите солиден беше Јунисбеков со 4 голови зад своето име.
Тулуз-Кретеј 30-31 (15-13),
Со пресврт во вториот дел, тимот на Ристовски, стигна до победата за 5-та позиција на табелата, додека Тулуз со променлива игра оваа сезона е 10-ти во францускиот шампионат со само 6 бодови. За домаќините најефикасен беше Шеваљевиќ со 7 голови, додека кај Кретеј, Ремили постигна 8 голови.
Реализацијата кај домашниот состав 68 % но недоволно и покрај одличниот настап од крилна позиција на Гоце Георгиевски од 80 %(4 голови од 5 обиди). Борко Ристовски имаше слаб настап со незначителни 4/18 или 22.22 % одбранети удари.
Погледнете како изгледаше македонскиот дуел во рамките на осмото коло од Д1…

LNH D1 2015-2016 J08 TOULOUSE CRETEIL by LNH

Монпелје-ПСЖ 32-31(15-14),
Монпелје го изненади супер квалитетниот и скап состав на ПСЖ. Сепак иако натпреварот беше неизвесен, домашниот состав имаше контрола врз резултатот, прикажа одличен напад со голови од повеќе позиции и 64 % реализација (наспроти 57% кај ПСЖ), надополнето со брз проточен напад и брза транзиција од напад во одбрана. Најефикасни за домаќините беа Бонефон со 7 голови и Диего Симоне со 5 голови, додека кај поразениот состав се истакнаа Хансен и Нарцис со по 6 голови, при што Нарцис имаше 88 % реализација, Омејер беше на висина на задачата со 10 одбрани, но дуелот му припадна на Винсент Жерард кој забележа извонредни 19 интервенции.
Погледнете ги најинтересните моменти од дербито на француската Д1 лига…

LNH D1 2015-2016 J08 MONTPELLIER PARIS by LNH
На табелата разликата помеѓу двата тима е само два бодови, при што ПСЖ останува лидер и понатаму.

Извор: 24ракомет.мк