Преглед ДХБ Куп -1/4 финални натпревари

Германскиот ракомет не запира, овие денови се одиграа 1/4 финалните мечеви од Купот на Германија, популарно нaречен ДХБ Покал. Полни сали, ракометно уживање, ракометни мајстории, се на едно место-тоа е Купот на Германија.

Одиграни се следниве натпревари:
Рајн Некар Ловен-Кил 29-26, нов мега дуел на двата водечки тимови во лигата, овојпат во 1/4 финалниот дуел во Купот. На полувремето беше +1 (15-14) за „лавовите“ од Манхајм кои пред своите 12000 навивачи, домашниот состав обезбеди учество на Ф4 кој оваа година ќе се одржи во Хамбург. Најефикасни кај РНЛ беа Геншајмер со 6, Ду Риц со 5 голови и Грецки со 4 голови, а изјавата на легендарниот Грецки во која вели дека за да се освои Купот, неминовно мора да се победи ривалот каков што е несомнено Кил, говори за мотивацијата на играчите на РНЛ. Гостинскиот состав на Кил го имаше стрелецот број еден на мечот, Србинот Вујин со 7 голови, но и тоа не беше доволно за победа на жешкиот терен во Манхајм.

Лајпциг-Фуксе Берлин 19-29, бранителот на Купот, Фуксе Берлин на гостувањето против водечкиот тим од втората Бундес лига-Лајпциг немаше никакви проблеми и забележа убедлива победа од +10. Уште на полувремето разликата во квалитет дојде во израз, а на семафорот резултатот гласеше 8-16 за популарните ‘лисици’ па така и победникот беше веќе познат. Вториот дел беше формалност во кој гостите предводени од Дагур Сигурдсон ги чуваа силите за претстојните натпревари од БУНДЕС лигата, но и од ЕХФ Купот.

Гумерсбах-Фленсбург 22-28, уште на полувремето се беше јасно околу победникот, резултатот гласеше 8-14, благодарение на одличната одбрана на актуелниот европски шампион Фленсбург, која беше на висина на задачата. Домаќинот, во последните 6 натпревари (5 во лигата и овој во Купот) има само 2 победи и 4 порази и е во резултатска криза. Додека за тимот на тренерот Вранеш, кој го очекува настап во 1/8 финалето од ЛШ, оваа победа и пласманот на Ф4 му послужија за подигање на формата и самодовербата, кои беа нарушени откако во последните 3 лигашки средби доживеа 2 порази(од РНЛ и од Магдебург кој воедно и ги помина на 3то место на табелата).Одличниот Андерсон на голот на гостите овозможи лесни голови за својот тим, беше потенциран и од тренерот Вранеш на самата прес конференција како клучен ракометар на натпреварот. Додека тренерот на Гумерсбах, Куртагиќ истакна дека е разочаран, а победата на гостинот е заслужена. Додека менаџерот на домашниот состав Флатен, истакна дека му е жал што Ф4 ќе го гледа само како гостин, наместо како спортски работник односно протагонист, но и дека со мислите е веќе на следниот дуел од лигата кое е мало дерби за неговиот тим.

Магдебург-Гепинген 32-17, тимот предводен од Геир Свенсон, кој е вистинско освежување оваа натпреварувачка сезона, и веројатно ако продолжи со одличните настапи ќе обезбеди сигурен настап во ЛШ оваа есен, екипата на Магдебург, покажа квалитетна ракометна партија и на овој 1/4 финален дуел од Купот. Водството од 12-6 на полувреме говори за феноменалното издание во одбрана, притоа нападот разновиден и на крајот сето тоа резултираше за убедлива победа против Гепинген, кој е на високата 5та позиција во лигата и е стабилен ракометен колектив оваа сезона.